Разбојништво во Штип, украдени цевки од фрижидери и бакар

На 02.12.2014 година околу 00,15 часот во Штип на ул.„Железничка“ неколку маскирани лица извршиле разбојништво врз С.М.(54) вработен како чувар, на начин што ја прескокнале оградата, влегле во стражарската куќичка и со селотејп трака му ги врзале рацете, нозете и му ја залепиле устата, по што излегле надвор и од магацински простор и одзеле неколку вреќи полни со бакар и цевки од фрижидери. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.