Разбојништво во Тетово: Го нападнале, па му украле накит и 5.000 евра

Mаскирани разбојници нападаа и ограбија тетовец.

Тројца маскирани разбојници денеска провалија во домот на 39-годишниот И.Д., соопшти Министерството за внатрешни работи.

Насилниците прво со тврд предмет го нападнале домаќинот, нанесувајќи му видливи повреди, а потоа одземале околу 5.000 евра и поголема количина на златен накит.

Со богатиот плен тие избегале во непознат правец, но тетовската полиција работи на нивно пронаоѓање.