Разбојништво во Тетово – скопјанец олеснет за 1.150 евра

29-годишниот Г.Ј. од Скопје и негов пријател се ограбени утрово во 4 часот, во Тетово на улицата Иво Лола Рибар. Разбојниците им одземале 1.150 евра.
Според пријавата на оштетениот, неколкумина лица го пресретнале Г.Ј. и неговиот пријател, и им наредиле да им ги дадат сите пари. Откако ги земале парите  разбојниците избегале, а оштетените побарале помош од полицијата.