Разбојништво во Адвокатската улица

Разбојништво во Адвокатската улица во Скопје. Вчера во 15.40 часот во ЕИК – Скопје, Б.А. од Скопје пријавил дека непознато машко лице, маскирано и вооружено со пиштол, влегло во адвокатска канцеларија на ул. „1737“(Адвокатска улица) и со закана им одзел новчаник и мобилни телефони на пријавителот и неговата сопруга.

По ова разбојникот заминал во непознат правец. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.