Разбојништво на Камени Мост

Синоќа десетина минути по полноќ извршиле разбојништво врз 18 – годишниот Д.А. од Скопје.

Тој на Камени Мост, движејќи се во правец према Центар, бил пресретнат од три засега непознати лица кои му одзеле мобилен телефон “Хуавеј“, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 14.000 денари.

Разбојништвото било извршено на тој начин што сторителите го пресретнале оштетениот, му го попречиле движењето, при што едниот од нив му се заканил со нож.

Откако Д.А. им го дал мобилниот телефон, сторителите го напуштиле местото на настанот. Полициската станица Центар презема мерки за пронаоѓање на сторителите.