Разбојништво во Прилеп: И ставил нож под грло за 540 денари и златни обетки

Разбојник, вооружен со нож нападнал постара брачна двојка до Прилеп.

Министерството за внатрешни работи информира дека  прилепската полиција го привела 19-годишниот З.Р. кој  вчера ги нападнал  77-годишниот Ќ.Д. и неговата сопруга. Околу 21.30 часот младиот разбојник  тропнал на прозорското стакло, а откако Ќ.Д. ја отворил вратата,   се втурнал во салонот и почнал да ги удира него и сопругата со тупаници во пределот на главата.

Потоа тој  извадил нож кој го ставил под грло на сопругата и со истргнување и ги одзел златните обетки од ушите, прашувајќи ја каде се парите.

Ќ.Д. му кажал дека има пари во гаражата, при што сторителот му го одзел мобилниот телефон и отишол во гаражата од каде одзел 540 денари и побегнал.