Разбојништво во скопски маркет: Украдени 50.000 денари

Синоќа околу 23.43 часот во Скопје на ул. „Павле Илиќ“ во маркет сопственост на А.А. (58) од Скопје, две непознати маскирани лица, од кои едното вооружено со пиштол непозната марка,  извршиле разбојништво над вработените.

Сторителите, како што информира полицијата, влегле во маркетот и со закана со пиштол од касите одзеле околу 50.000 денари, а потоа го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.