Разбојништво во скопско Трубарево

Две лица со закана со пиштол извршиле разбојништво во тобако во скопско Трубарево.

Како што соопшти МВР, вчера во 22.55 часот во Скопје на ул. „Козле“бб, во тобако сопственост на З.Р. (46) од село Трубарево, скопско, две непознати вооружени лица извршиле разбојништво над вработената.

Сторителите дошле до шалтерското прозорче  и со закана со пиштол побарале пари.  Откако вработената им дала околу 7.000 денари сторителите се оддалечиле во непознат правец.

Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.