недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 49

Разбојништво во Велес: Украле 4 милиони, па ги оставиле

Разбојници во Велес, украле 4 милиони денари, па ги оставиле. Најдени се двајцата разбојници кои вчера ограбија возило на Агенцијата за обезбедување „Перпетум мобиле“. Како што информира Министерството за внатрешни работи станува збор за А.К.(19) и Ќ.А.(25) двајцата од Скопје.

denari1

Последни вести

Имено, како што е познато вчера околу пладне на ул.„Алексо Демниевски“, спроти спортската сала „Гемиџии“ во Велес додека М.Ј.(28) и З.П.(24), вработени во Агенцијата, стоеле со службеното возило на пешачки премин, биле нападнати од две непознати лица.

Маскираните и вооружени разбојници заканувајќи се им се со пиштол на двајцата вработени, од автомобилот одзеле 4 касети со пари во кои имало околу 4.000.000 денари, пари наменети за банкомати. По ова крадците парите ги ставиле во нивен автомобил „Рено“  со кое се упатиле во правец на градскиот парк.

Откако забележале дека ги следи полициско возило, истите на паркинг во близина на паркот го оставиле автомобилот во кој биле кутиите со парите и со трчање избегале.

Полицијата ги пронашла разбојниците во напуштена куќа поточно во подрумот, по што е утврден нивниот идентитет.

Воедно пронајдени се и пиштол „Валтер“ кал7,65мм со рамка со 7 куршуми и еден сигнален пиштол „Блов“ кал.9мм со рамка и еден сигнален куршум.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Најчитани вести