Разбудете го ѕверот во него: Шест трикови за жешка предигра

Често се поставува прашањето дали мажите уживаат во предигра и одговорот е: дефинитивно да! Ако предиграта изгледа како што треба, двајцата можете да доживеете силен и неверојатен оргазам. Со овие шест трикови за предигра ќе успеете да го разбуди ѕверот во него.

1. Изглед

Запомнете дека мажите се визуелни суштества. Тие се возбудуваат на она што го гледаат. Затоа еден од приоритетите треба да ви биде вашиот изглед ако сакате да го возбудите. Мислете на тоа како „пред-предигра“. Облечете нешто секси и почнете да го возбдувате дури и со часови пред да завршите в кревет.

2. Зборувајте валкано

Ова е уште еден совет за „пред-предигра“. Цел ден можете да ја предизвикувате фантазијата со разни најавувајќи му низ зборови, а можете да бидете и директни и да зборувате валкано. Така тој цел ден ќе мисли за тоа што ќе следи кога ќе останете сами.
Многумина мислат дека „валканото зборување“ поддразбира користење на многу вулгарни зборови, но верувајте дека не така. Доволно е само со обични и нежни зборови да му кажете што би му правеле или што би сакал тој да ви прави на вас.

3. Научете како добро да се бакнувате

Многу луѓе мислат дека бакнувањето е досадна предигра, а тоа ни малку не е точно. Ако знаете како, бакнувањето може да биде возбудливо. Клучот е во преземњето иницијатива. Со други зборови, бакнете го вие него пред тој да почне да ве бакнува вас.

4. Масирајте му ја главата

Масирањето на главата е еден од заборавените делови од предиграта. Главаа можете да ја масирате додека седите или лежите в кревет, додека се бакнувате, па дури и додека имате секс. Но, внимавајте да не го изгребете со ноктите. Кога му ја масирате главата, почнете од вратот, од почетокот на косата. Опуштете ги рацете и полека провлекувајте ги прстите низ неговага коса се’ до челото. Потоа вратете се во спротивна насока.

5. Одложете ја пенетрацијата

Пред самата пенетрација, држете го за неговата машкост и преминете со своето меѓуножје врз неговиот врв. Секој па ќе се надева дека баш тој пат ќе седнете, а нема да се разочара и ако не биде така, бидејќи и тој сака одложено задоволство.

6. Приредете му неверојатен орал

Ако сакате да знаете како да го задоволите својот маж, научете го овој најважен трик за предигра односно научете како да му приредите незаборавен орален секс. За среќа, постојат многу совети за тоа.