Магазин

Разголената Британка која ги „налути боговите“ на Борнео протерана од Малезија

Разголената Британка која ги „налути боговите“ на Борнео протерана од Малезија

Британката Елинор Хоукинс (23) која ги „налути боговите“ на островот Борнео, затоа што позираше гола на врвот на „светата“ планина Кинабалу, е протерана од Малезија.

Хоукинс беше во групата од десетина западни туристи кои се искачуваа на оваа планина, за која локалните жители велат дека е заштитена од боговите, бидејќи веруваат дека по смртта нивниот дух продолжува да живее во планинските височини.

Младата Британка и уште тројца други (двајца Канаѓани и еден Холанѓанец) беа уапсени од полицијата, затоа што локалните власти ги обвинија дека сликајќи се голи на врвот на Кинабалу, го повредиле јавниот ред и се однесувале крајно непристојно, пренесува МИА.

Лондонските весници кои го следа случајот на Хоукинс, соопштија дека локалнте жители ја обвинувале оти таа и нејзните другари, со својот „грев“ ги налутиле боговите во планината и „предизвикале земјотрес“.

Во силниот потрес од пред една недела во тој дел на Борнео загинаа најмалку 18 лица.

На судењето, четворицата уапсени признаа дека го набркале својот малезиски водич кој ги предупредил да се однесуваат пристојно и признаа дека „стриптизот„ на Хоукинс и соголувањето на другите почнало како обложување, кој најдолго ќе може да издржи на врвот од планината, на изгрејсонце, без ништо на себе.

Сите ризкуваа затворска казна од три месеци, но судот пресуди да останат по три дена во локалниот затвор и да платат по илјада фунти секој.

Во затворската казна им беше пресметано и времето поминато во притвор, па тие денеска беа депортирани.

Таткото на Хоукинс, им изјави на британските новинари дека бил загрижен за тоа што ќе се случи со неговата ќерка, но призна оти заслужила да биде затворена и казнета, откривајќи дека е зарамен од нејзиното непристојно однесување.