ВИДЕО: За што разговараа Обама и Путин?

Путин и Обама имале краток 20-минутен неформален разговор на маргиноте на самитот Г20 во Анталија, Турција.

Како што јавува ТАСС, двајцата лидери се состанале на паузата помеѓу состанокот на БРИКС и работната сесија за да поразговараат насамо. На средбата со нив биле и нивните преведувачи.

Засега не се соопштуваат детали за разговорот. Работната вечера и контактите помеѓу учесниците на Самитот Г20 се одвиваат зад затворени врати.

Исто така, утрово двајцата претседатели имале кратка комуникациска размена за време на фотографирањето.

Последната средба во полн формат што ја имале двајцата претседатели беше во септември во Њујорк на маргините на Генералното Собрание на ОН. Ова беше нивната прва средба во последните две години.

Засега не е планирана официјална средба помеѓу Путин и Обама, но сепак не се исклучуваат можностите за време на разговорите на маргините на Самитот.