Разговори меѓу ЕУ и Турција за визната либерализација

Технички тимови на Турција и на Европската унија денеска почнуваат со разговори за визната либерализација, соопшти новиот турски министер за ЕУ, Омер Челик, пренесува МИА.

Според него, тоа е составен дел од пошироката програма за сузбивање на илегалната миграција.

Челик во Брисел изјави дека реадмисијата, преселувањето мигранти и визната либерализација за турските граѓани се дел од пакетот и не може да се третираат одвоено.