Разговорите за името во Њујорк ќе продолжат во петок

По шест часа разговори во четвртокот вечерта по македонско време заврши средбата меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров односно Никос Коѕијас, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, со посредство на медијаторот Метју Нимиц.

Преговорите продолжуваат и во текот на петокот, иако шефот на грчката дипломатија претходно изјави дека е можно да се преговара само еден ден.

Министрите и медијаторот Метју Нимиц ја почнаа средбата во 10.30 часот по њујоршко време. Во 13.30 часот имаа пауза за ручек, по што продолжија со разговорите.

Од македонското Министерство за надворешни работи најавуваат дека изјавите ќе следат по рундата преговори која ќе се одржи утре.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.