Различен Црпко иста агенда: СДСМ со децении ја разнебитува Македонија

Во една шума, на едно дрво виси кошница во која што диви пчели си прават мед и се грижат за своите млади.  Едно клатно односно еден деструктивен енергетски ентитет, желен и зависен од нова енергија, и приоѓа на кошницата и на своите следбеници им соопштува дека ова се многу опасни пчели и дека треба да се уништат или најмалку, да им се разори гнездото. За да го докажат своето тврдење, тие почнуваат да удираат по гнездото со стап, вознемирувајќи ги пчелите кои почнуваат да се бранат боцкајќи ги напаѓачите, со што се потврдува лажната теза на клатното дека тие се многу опасни и агресивни и дека треба да се уништат.

Оваа приказна од книгата „Трансурфинг“ на рускиот автор Вадим Зеланд се чини совршено се вклопува и применува и во рамките на случувањата во Македонија. Приказната, а впрочем и целата книга се однесува т.н. клатна или нишалки, кои што гладни за човечката енергија, агресивно се борат за нови следбеници, постојано и насекаде.

Со континуирано и неизбежно подигање на свесноста кај луѓето, ЕУ, НАТО и сличните деструктивни клатна се чини дека полека, но сигурно, ја губат својата сила и згаснуваат, па затоа периодов се’ поагресивно се борат за превласт со цел опстанок на унилатералниот светски поредок со еден центар на моќ – нивниот.

Конкретно, Македонија се најде на „линијата на огнот“, зошто на администрацијата на Барак Обама и нивните исцедоци во НАТО и ЕУ не им се допаѓаат ниту рускиот гасовод, ниту кинеската железница што се планирани за регионов и Македонија. Но, се’ што оди против природните закони, создавајќи при тоа тензија односно непотребен потенцијал во универзалната хармонија, ќе се соочи со законот на Универзумот кој што вели дека се’ се враќа помножено со три. И доброто и лошото.

Па така, додека списокот на земји што му објавуваат војна на самопрогласениот „филантроп“ Џорџ Сорос, а меѓу нив и Македонија, се проширува. Неговите заштитници, „демократите“ во САД, ја загубија власта со што тој ја загуби и најголемата поддршка во светски рамки, истовремено создавајќи моќен непријател од актуелниот американски претседател, Доналд Трамп. Патем, освен европските лидери и македонскиот државен врв, администрацијата на Обама се чини дека го прислушувала дури и Трамп, кој што лично го обелодени скандалот нарекувајќи го својот претходник лош и болен човек.

Благодарение пред се’ на „Викиликс“, пак, недозволените активности на неговата несудена наследничка Хилари Клинтон и нејзиниот тим беа целосно разоткриени пред светската јавност, нешто што истите тие се обидоа да го направат и во Македонија преку објавување на со години нелегално прислушуваните разговори од државниот врв, но на нивно големо разочарување не успеаа бидејќи од повеќегодишното прислушување не извадија ништо.

Но, затоа пак кармата си ги одработи своето, па на значителен дел од американското јавно мислење сега му се обелоденуваат сомнителните активности на американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, кој што пред властите во Вашингтон треба да одговори за милионите долари на американските даночни обврзници кои преку УСАИД наместо за вистинските намени, биле насочувани кон соросовите невладини организации и полтронски медиуми, со цел уривање на демократски избраната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски и носење на власт на марионетскиот лидер Зоран Заев, кој што подоцна пак, треба да ги урне не само симболите и вредностите на народот, туку и самата држава.

Дека кој на друг гроб му копа, самиот во него паѓа, покажува и последниот развој на настаните во соседна Албанија, каде што позицијата на Еди Рама, блискиот соработник на Сорос и еден од коавторите на „Албанската платформа“ прифатена од СДСМ, се’ повеќе политички слабее, пред се’ затоа што иредентизмот кон нашата земја во ниеден случај не им го покрева животниот стандард на Албанците.

А, слабее и влијанието на клатното ЕУ. Катастрофалната балканска турнеја на високата претставничка за надворешна политика Федерика Могерини е најдобар показател за тоа. Во Црна Гора говореше пред полупразен Парламент, во Србија едвај и дадоа да зборува пречекувајќи ја со гласната порака „Србија и Русија, не ни треба Унија“. Со подвиткан опаш Могерини се чини дека си замина и од Македонија, откако без успех и заврши бесрамниот обид за притисок врз претседателот Ѓорге Иванов да додели мандат за ликвидација и распарчување на Македонија. Во Босна и Херцеговина таа воопшто и не оствари средби. Сепак, се чини дека она што реално се распарчува всушност е самата Унија, па по излегувањето на Велика Британија, изгледа дека целосното распаѓање е само прашање на време.

Деструктивните манипулаторски клатна, енергијата од луѓето ја црпат на неколку начини, пред се’ преку вадењето од рамнотежа, а потоа и преку наметнување на чувство на страв или преку омилената игра на манипулаторите – наметнато чувството на вина. И ова правило, повторно, како без исклучок совршено се совпаѓа со случувањата во Македонија.

Откако цели две години…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.