четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 16

Различни професии-иста цел: Актери, пејачи, спортисти во одбрана на унитарноста на Македонија

Граѓаните во се поголем број излегуваат на улиците низ Македонија и ја даваат својата поддршка.

467534-foto-galerija-skopje-petti-den-se-trese-od-protesti-za-zaednichka-makedonija

Поврзани вести

Актери, пејачи, потомци на македонските херои, професори, спортисти, ловџии, камионџии, земјоделци. Сите сплотени под црвено-жолтата боја и изминатата недела дадоа поддршка за граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Од ден на ден се поголем е бројот на граѓани, но и на јавни личности кои ја искажуваат својата поддршка за заедничка Македонија и се против разнебитување на државата. Велат, „на нашите настапи ширум светот ја претставуваме Македонија со црвено-жолтото знаме, така и ќе остане.“ Расте и масовноста на протестите, за зачувување на унитарноста на државата се маршира во 33 градови, а се приклучија и осум села.

Внуците на Крсте Петков Мисирков и Христо Татарчев се надеваат дека борбата на нивните предци не била залудна. „Да се заколнеш во чест на татковината е нешто многу големо, многу скапо“, вели внукот на Татарчев.

Никола Татарчев изразува чудење како некои после 150 години можат да одат против тоа за што се бореле револуционерите во тоа време

-Сега мене ми е чудно, кога тие пред 150 години, се заангажираа, се бореа и многу жртви паднаа за самостојноста на Македонија и сега доаѓа еден апстракт, тој апстракт е овој сега што се случува во Република Македонија. Во тоа време татковината се ценеше многу, затоа што сите Комити влегуваа во борба, со четите свои, на чело со војводите и младата интелигенција ако учествуваше се заколнуваа во Бога и во честа на татковината. Да се заколнеш во чест на татковината е нешто многу големо, многу скапо, изјави Татарчев.

nikola-tatarchev

-Тој кажал дека оваа држава е Македонија, дека овде македонски народ живее и македонски јазик се зборува. Се надевам дека неговата борба не беше безпомошна, загина заради оваа Македонија,има многу луѓе кои што него можат да го разберат, кои што него можат да го почитуваат и да можат да ја завршат, таа работа која тој ја започнал уште пред  120 години. Верувам дека тој е многу жалосен што после 120 години, неговите мисли, неговите идеи не се исполнети. Се надевам дека неговото дело ќе биде на виделина и дека тој мирно и спокојно ќе спие, вели внуката на Крсте Петков Мисирков, Нада Мисиркова.

nada-misirkova

Поддршка за заедничка Македонија дадоа и актерите Владо Дојчиновски и Петар Темелковски.

-Оваа земја ги почитува сите, меѓутоа и тие што живеат тука треба да ја почитуваат оваа земја, треба да е јасно и гласно дека ова е наша земја, друга земја ние немаме. Дури и иселениците од целиот свет станаа на нозе, сите станаа за оваа земја затоа што и тие викаат дека се Македонци и нивната земја е Македонија, изјави Дојчиновски.

vlado-dojcinovski-640x322

– Никогаш не и се израдувавме на татковината. Со едната рака ја оравме, а со другата ја браневме. Прекрасно е и од Бога благословено да си Македонец. Македонија е икона на Балканот, рече Темелковски.

За зачувување на унитарноста на државата, зад црвено-жолтата боја застанаа и оперските пејачи Ристе Велков и Цветан Стојановски.

– Доколку Македонија, како Македонија не постои тогаш сите ќе бидеме дрва без корен. Нашите деца, нашите внуци понатаму нема да имаат ништо, што ќе им оставиме од вас зависи сега. Сите кои ја сакаат, а ги има многу, ги има низ цела држава и надвор од државата, сите кои сметаат дека Македонија е свето име и света држава треба да си останеме на своето и не смееме да ја предадеме Македонија. Тоа е најголемиот срам кој ќе го доживееме како Македонци и нашите поколенија ќе страдаат поради тоа. Затоа Ве молам сите, излезете, не се плашете. Секој кој што е патриот, има зошто да излезе, секој кој ја сака државата и сака нормално да живее во неа, изјавува Велков.

riste-velkov1

– Браќа и сестри не плашете се да се закитите со најубавите бои на светот- црвената и жолтата. Закитети ги вашите балкони со македонското знаме за да видат колку сме, додаде Стојановски.

c-stojanovski

Поддршка дадоа и Наум Петрески и Сара Мејс, а преку социјалните мрежи поддршка за Македонија искажа и Бајага.

 

Зад црвено-жолтата боја и македонското знаме застанаа и оние кои истите најмногу ги претставуваат преку својата работа, спортистите.

Ракометарите на „Пелистер“, боксерската федерација и џиу џицу федерацијата маршираа по улиците поддржувајќи отфрлување на Тиранската платформа и зачувување на националниот идентитет.

-Да бидеме обединети и да бидеме сите сплотени, за едно исто име, за една иста Македонија. Ние како спортисти од боксерската федерација на Македонија, порачуваме на другите, дали политичари, дали обични граѓани, нека се сплотат и нашето парче земја нека не ги растураат, за сите една иста цел да имаме, за Македонија да се бориме. Во боксот и во другите спортови, има и други националности, Срби, Албанци, Турци, Роми, сите се почитуваме и затоа и сите треба и ние како народ без разлика кои сме, да ја почитуваме оваа наша мала земја, Македонија. Да живее Македонија и светот да не знае како Македонци, порача на крај Мирко Ристески, селектор на боксерската репрезентација.

-Моите борци крв плукаат на борилиштата ширум Европа и не дозволувам некој Зијадин Села да изјавува дека не станува на македонската химна. Не дозволувам да кажува дека не се слика со македонското знаме, она знаме кое јас гордо го носам ширум Европа со моите борци, вели претседателот на македонската џиу џица федерација, Александар Ацевски.

dziu-1

-Прифаќањето на платформата нема да го направи македонскиот народ посреќен и нема да доведе до крај на кризата во Македонија. Сакам да им се обратам на политичарите- малку да ги оладат главите, да почнат да размислуваат потрезвено и да застанат во одбрана на македонските интереси и македонскиот народ кој е на улица и треба да го слушнат нивниот глас. И на крај пак ќе кажам НЕ за федерализација, НЕ за поделба на Македонија, НЕ за двојазичност на цела република, НЕ за промена на името, знамето и химната, истакна голманот на репрезентацијата Кирил Колев и ракометар на „Пелистер“.

pelister-rakometari

-Браќа и сестри Македонци, драги наши сограѓани чија што татковина е Република Македонија, сум ја имал таа среќа да родам во Република Македонија и да се школувам на македонски јазик, не сум мислел да се бавам со политика, туку сум сакал да го работам она што го знам, но изгледа дека не можете избегнете од неа, што ќе направите ако сите линии се поминати и остане само црвено-жолтата, ќе дојдете овде, затоа сум овде пред вас, вели професор доктор Никита Шекутковски од природно математичкиот факултет при УКИМ.

nikita sekutkovski

Вчерашниот марш беше предводен од македонските фолклористи кои дадоа огромна поддршка на ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА. Македонските играорци со изведба на нациналното оро „Тешкото“ дадоа поддршка за унитарна и заедничка Македонија.

32

-Ние сме дојдени како амбасадори на Македонија во однос на македонските ора, песни, традиција и култура. Ширум светот не препознаваат по овие наши обележја и ознаки- ако ги изгубиме, знамето, името, јазикот, тогаш се поставува прашањето: Кои сме ние? Ќе бидеме обезличени. Доволно не болеше што не нарекуваа ФИРОМ, па зарем повторно да го менуваме името? Зарем уште поголема треба да биде болката? Што ли ќе им одговориме на помладите генерации кога ќе не прашаат што правевте вие кога ни ја растураа државата? Зарем треба да им одговориме само седевме од страна и гледавме, истакна фолклористот Мартин Цветковски.

igraorcis

И ловџиите велат дека нема да молчат и мирно да гледаат како со некои сценарија се разнебитува Македонија, па ја дадоа својата поддршка и излегоа на протестниот марш.

-Ние ловците во Република Македонија, сме големо семејство и големи чувари на природата, кои не се обоени со ниту една политика или политиканство, но знаеме да процениме кога е загрозена Македонија, ние ловците нема да молчиме и мирно да гледаме како со некои сценарија ни ја разнебитуваат Македонија, нема да го дозволиме тоа. Повикуваме на разум и трпеливост во овие клучни моменти кои можат да ја однесат Македонија во несакани правци од кои нема назад. Порачуваме, тука сме и ќе останеме да ја штитиме  заедничка Македонија, со сите обележја на унитарна, суверена и самостојна држава. Секоја идеја за нејзино редифинирање нема да им помине, велат ловџиите.

lovdzii-1

lovdzii

Поддршка дадоа и земјоделците и камионџиите кои со своите возила накитени со македонски знамиња излегоа на улиците.

Македонците од Австралија силно застануваат во зачувувањето на унитарноста на Македонија, против Тиранската платформа која е вовед во редефинирање и федерализација на државата.

makedonci-1

Различни професии, различни размислувања, различни животни патишта и приказни, но сите со една и единствена порака – Црвено-жолтата боја ќе продолжи да се вее, Македонија ќе остане онаква каква што е сега, за каква се бореле и ја оставиле нашите предци.

Најчитани вести