Разнесен автомобилот на шефот на управата во Доњецк

Едно лице е загинато, а уште едно рането кога во Доњецк е разнесено возилото на Денис Паушилин, шефот на самопрогласената Народна Република Доњецк, пренесоа медиумите.

„Можам да потврдам, едно лице загина“ рекол Пушилин за Итар Тас.

Во автомобилот во моментот на детонација се наоѓале три личности, а Пушилин во тоа време бил во Москва и вели дека не го користел возилото ни претходните два дена.

Експлозијата се случила на 100 метри од седиштето на администрацијата  на регионот Доњецк. Засега не е познато кој го извршил нападот.

Непознати лица го убиле соработникот на Пушилин на 7-јуни и пратеник во локалниот парламент Максим Петрукин.

Пушилин тогаш рекол дека не може да се отфрли можноста да зад убиството стои „агент на Киев“.

Во регионите на ДОњецк и Луганск во текот се жестоки судири меѓу украинската восјка и локалните милиции. Овие региони одбиваат да ги признаат властите во Киев оформени во текот на немирите во февруари оваа година.