Разоткриена мрежа за регрутација на терористи во Мароко

Министерството за внатрешни работи на Мароко соопшти дека денеска е разоткриена мрежа која регрутирала џихадисти за групата „Исламска држава“ во Сирија и Ирак.

„Акцијата е извршена на основа на детални истражувања заедно со шпанската безбедносна служба, а во кругот на борбата против терористички закани“, се наведува во соопштението на министерството.

Во соопштението додаваат и дека припадниците на оваа мрежа планирале терористички напади во Мароко со употреба на огнено оружје и екслозиви, пренесува АФП.