петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 48

Разоткриени големите мистерии на Дејвид Коперфилд

Разоткриени големите мистерии на Дејвид Коперфилд

Разоткриени големите мистерии на Дејвид Коперфилд

Поврзани вести

Еден готвач од Англија на своето патување од соништата дознал како работат илузиите на Дејвид Коперфилд во реалноста. По учеството во една точка, добил трајна повреда на мозокот.

Готвачот Гевин Кокс овие денови е главна тема во светските медиуми. Причина за тоа е веројатно фактот што досега никој не го разоткрил Дејвид Коперфилд. Гевин во Лас Вегас бил избран да учествува во една точка на Коперфилд, во која и настрадл. Во моментов го тужи, а илузионистото тврди дека не е одговорен за повредата,. Процесот трае веќе три години и во тој период е откриена една од најголемите тајни на Коперфилд – како се збогатил и станал милионер. Еве како изведувал некои од своите трикови.

Луѓе кои исчезнуваат од кафез

Гевин Кокс учествувал во оваа точка. Од публиката биле избрани 12 луѓе, меѓу кои бил и тој. Биле ставени во кафез на сцената, а потоа со помош на „магија“ се појавиле во задниот дел на салата. Значи, коперфилд прво фрла топки кои светат во публиката. Оние кои ќе ги фатат, излегуваат на сцената и влегуваат во кафез со батериски ламби. Преку кафезот се спушта завеса, а батериските ламби продолжуваат да светат зад неа. Одеднаш наводно сите ламби паѓаат, а луѓето исчезнуваат од кафезот. Зад сцената доброволците трчаат низ таен и мрачен премин (во кој Кокс паднали се повредил), излегуваат надвор и влегуваат во салата на главниот влез, зад грбот на публиката, со батериските ламби во раце.

Премин низ Кинески ѕид

Никој не верува дека Коперфилд навистина поминува низ ѕид, но овој трик се уште е една голема мистерија. Ккао преминува на другата страна. Во моментот кога илузионистот ќе зајде зад платното, се случува пресврт. Сенката која ја гледаме не е неговатуку на асистент кој е сокриен одзади. Тој влегува во светлината во моментот кога Коперфилд влегува во кутијата. Асистентот се преправа дека се обидува да помине низ ѕидот и исчезнува во него. Всушност, само се поместува во дел од кутијата кој не е осветлен. Се работи за светлосен ефект. Потоа се сокрива во платформата. Во меѓувреме Коепрфилд отвора тајна врата во подот, се симнува на подвижни скали кои се поместуваат од другата страна на ѕидот и повторно излегува од дупката.

Левитација

Идејниот творец на илузијата Џон Коген открива за што се работи. Коперфилд виси на жици. Потенки се од еден милиметар и публиката не може да ги види. Секоја жица може да издржи товар од 100 килограми. Закачени се за колковите на Коперфилд и покриени со облека. Над сцената се прицврстени за конструкција која ја контролира компјутер и секоја жица попушта и се затега во зависност од тоа што прави зиведувачот. Но што се случува кога Коперфилд докажува дека не користи жици?

Кога поминува обрачот околу него, всушност никогаш не поминува над него, туку под него. Тоа е оптичка илузија. Ако гледате внимателно, ќе забележите. Кога лебди во стаклена кутија, врвот на кутијата се наоѓа меѓу два сета жици во ветрикална положба, пред да заротира за 90 степени и да се спушти. На тој начин жиците поминуваат низ процеп меѓу поклопецот и страните. За да ја разберете оваа илузија, гледајте го видеото.

Најчитани вести