Разрешен е Александар Донев, директорот на Агенцијата за туризам

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски на социјалната мрежа Twitter во вторникот објави дека е разрешен директорот на Агенцијата за туризам, Александар Донев.

Владата на денешната седница го разрешила Донев, со образложение за несовесно и невнимателно работење.

Донев беше цел на критика на јавноста во ноември минатата година, кога се објави дека тој патувал до Аргентина со лет од бизнис класата, со што платил 220.000 денари. Неговите службени престои и во други земји, Јапонија, Албанија, Британија…, исто така, не останаа незабележани поради потрошените буџетски пари.

 Донев е долгогодишен граѓански активист на невладините организации и учесник на Шарената револуција.