Разрешени 73 вработени во турските военопоморски сили

Турското Министерство за одбрана разреши од должност 73 вработени во турските военопоморски сили, јави турската телевизија НТВ. 

Разрешувањата се извршени во рамки на истрагата против членовите на т.н. терористичка организација на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен.

Турските власти го сметаат Ѓулен, кој живее во САД дека стои зад обидот за воен удар во Турција на 15 јули.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.