Разрешени техничките министри Спасовски, Ременски, Николовски, Кирацовски

По објавувањето на конечните резултати од изборите автоматски им завршува мандатот на министрите и на дополнителните заменици-министри во неколку министерства.

Штом ДИК официјално ќе ги објави конечните резултати, им завршува мандадот на дополнителните заменици-министри, Оливер Спасовски во МВР, Фросина Ременски во МТСП, Љупчо Николовски во Министерство за земјоделство и Александар Кирацовски во Министерство за администрација и информатичко општество.

Ова е предвидено со Договорот од 20 јули и меѓу другото значи дека штом ДИК ќе излезе со официјалните резултати, Оливер Спасовски и Фросина Ташевска-Ременски повеќе нема да бидат министри.

Функцијата министри до формирањето на новата влада, по заминувањето на Спасовски и на Ременски, треба да ја преземат актуелните заменици-министри во МВР и во министерството за труд и социјална политика, Агим Нухиу и Ибрахим Ибрахим.

Престанува и мандатот, а во моментов е разрешена и уредничката на МРТВ Санта Аргирова која беше поставена согласно Пржинскиот договор како кадар на СДСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.