Разрешен гувернерот на албанската Централна Банка

Албанскиот Парламент денеска ги разреши од функциите досегашниот гувернер на централна Банка на Албанија, Ардијан Фулани, како главната инспекторка во Банката, Еливар Големи, поради големата краджба на над седум милиони долари од банкарскиот трезор.

На тајното гласање за разрешувањето на Фулани гласаа 76 пратеници, а шестмина беа против, од кои петмина од владејачкото мнозинство и еден од Партијата за национално единство и правда на Чамите. За разрешување на Големи пак гласаа 76 пратеници, еден беше против и еден воздржан.

Фулани и Големи се разрешени поради „непочитување на етиката на работа и загрозување на интересите на Банкаата на Албанија“.

Тие беа уапсени минатиот петок, по што Фулани доби мерка домашен притвор, додека Големи е задржана во затворски притвор, каде заради кражбата се наоѓаат уште петнаесеттина вработени во Банката.

Предлогот за разрешување на Фулани и Големи го даде Надзорниот одмор на Банката, и тој беше едногласно прифатен од парламентарната Комисија за економија.

Опозицијата и натаму ја бојкотира работата на албанскиот Парламент.