Разрешени 14 тешки кражби

Четиринаесет тешки кражби се разрешени изминатиов период, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Досега, поднесена е кривична пријава против А.Е. (19) , К.Ј. (19) и М.Џ. (18) сите од Арачиново, под соменение дека извршиле 14 тешки кражби и преку нив присвоиле 666.412 денари.

Пријавените, кривичните дела ги извршиле на територија на општина Гази Баба, во периодот од март до декември минатата година и тоа 13 од кои 10 се тешки кражби на куќи, една е во обид, една во пошта и две на автомобили, од кои едно е во обид, како и една кражба од куќа во населбата Ченто.

Кражбите најчесто се изведувани во текот на попладневните и вечерните часови, кога сопствениците не биле во своите денови, во пет случаи насилно биле отворани влезните врати, а во два со помош на алат биле отворани балконските врати.

При кражбите одземани се бела техника, златен накит, златници и алат за работа. Во кражбата на поштата во село Арачиново, обиен е сефот од кој биле одземени 17.412 денари, уплатници во вредност од 33 илјади денари, како и разни документи.

Возилата се краделе со отворање на предната хауба, при што во еден случај бил украден и еден акумулатор.

Одредени предмети од изведените кражби, биле пронајдени во домот на М.Џ., а додека пак украдените златни предмети, групата ги продавала во златарски дуќан во Старата скопска чаршија.

Пронајдените предмети од кражбите им се вратени на сопствениците. А.Е. и К.Ј. се приведени во полициската станица Гази Баба, а додека пак М.Џ. е распишана локална потерница.

Од тројцата пријавени, само М.Џ. е регистриран сторител на кривични дела за кои во 2012 година е поднесена кривична пријава.