Разрешениот скопски муфтија изврши упад во ИВЗ

Разрешениот скопски муфтија Ибрахим Шабани и поранешниот генерален секретар на ИВЗ Африм Тахири со група нивни приврзаници денеска упаднаа во Исламската верска заедница.

По настанот тие соопштија дека привремено ќе управуваат со ИВЗ. За време на упадот одземени се и печатите на организацијата.

Реисот Сулејман Реџепи во средата беше реизбран на седница која не се одржа во ИВЗ туку во Кондово, а тој ги разреши од функциите скопскиот муфтија и генералниот секретар на исламската заедница. Разрешените бараа реисот да образложи зошто одржал тајна седница во Кондово на која незаконски се реизбрал, а нив ги разрешил.

Од полицијата информираат дека околу 8:30 кај нив е пријавено само собирање на граѓани пред ИВЗ кои, според нив, се незадоволни од смената на скопскиот муфтија.

Пред седиштето на ИВЗ во моментов е мирно, во зградата се приврзаници на Шабани и Тахири, а пред објектот има припадници на полицијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.