Разубавете се по дома со сода бикарбона

Старите велат: „Некогаш лекот чини 5 пари, но треба да го знаеме“. Наместо да одите по скапи салони, разубавете се дома со сода бикарбона.

Лице- Помешајте сода бикарбона со вода и со нежни движења масирајте го лицето. Така ќе направите благ и ефикасен пилинг, а доколку имате и мозолчиња за кратко време ќе снема.

Коса- Направете си сами одличен и ефективен шампон за коса со тоа што во едно шишенце шампон ќе додадете една четвртина сода бикарбона. Содата треба да ја додадете во провиден, а не во кремаст шампон.

Тело- Содата може да ви помогне да имате мека кожа на целото тело. Потребна ви е топла купка во која ќе ја растворите сода бикарбоната.