Разузнавањето на Асад го испланирал, а ПКК го извршил нападот во Анкара

Разузнавањето на Асад го испланирал, а ПКК го извршил нападот во Анкара
Разузнавањето на Асад го испланирал, а ПКК го извршил нападот во Анкара

Двојниот самоубиствен напад во Анкара во саботата, кој е најсмртоносен во историјата на Турција, бил планиран од разузнавањето на сирискиот претседател Башар ал Асад, а извршен од припадници на Курдската работничка партија (ПКК), покажува една верзија од истрагата.

Според оваа верзија, во последно време разузнавањето на Асад се зближило со сириската курдска Партија на демократскиот сојуз, која според Турција е поврзана со ПКК. Истрагата покажала дека Асад, кој со поддршка на Русија повторно демонстрира сила, имал за цел со овој план да создаде хаос во Турција пред одржувањето на предвремените парламентарни избори на 1 ноември, пренесува БТА.

Истовремено, се смета дека огранок на ПКК, кое е против процесот за мирно решавање на курдскиот проблем, ги извршило нападите со цел да се зголемат гласовите на изборите за прокурдската Демократска партија на народите, која забележала пад на рејтингот поради терористичките напади на курдските бунтовници.