РЦУК: Детални информации за состојбата низ земјата по региони

Од Републичкиот центар за управување со кризи информираат за состојбата низ земјата како резултат на врнежите од снег  до 15.30 часот. Во продолжение следува детален преглед за состојбата на патиштата и снабдувањето со електрична енергија по региони.

Во скопскиот регион во општина Зелениково моментално се чисти патниот правец Зелениково – Вражале. Во општина Студеничани сите патни правци се расчистени (проодни). Регионалниот пат што води кон селата Танушевци, Брест и Малино преку општина Чучер Сандево е прооден само за теренски возила, информираат од Републичкиот центар за управување со кризи.

Во општина Сарај патниот правец од Буковиќ кон село Раовиќ се уште не е исчистен, поради големите наноси на снег. На негово расчистување ќе се работи во текот на денот. Патиштата од село Волково до село Никиштани и село Орман се расчистуваат.

Што се однесува до Охридски регион, од РЦУК информираат дека  патниот правец Охрид-Кичево  кај Пресека е прооден.

Патниот правец Охрид- Ресен е прооден, а патниот правец Охрид – Струга  прооден во зимски услови. Патниот правец Охрид Св.Наум – граничен премин кон Албанија е прооден само до село Пештани, а до с.Лубаништа прооден со употреба на зимска опрема. Локалните патни правци во општина Охрид се проодни.

Патниот  правец Струга Ќафасан е прооден за сообраќај за лесни моторни возила, регионалниот пат с.Мислодежда до с.Селци не е исчистен, регионалниот пат с.Заграчани – с.Г.Белица не е исчистен, регионалниот пат с.Модрич-с.Дренок не е исчистен, регионалниот пат с.Бороец – с.Јабланица не е исчистен, р егионалниот пат с.Пискупштина-с.Нерези-с.Луково-с.Нерези не е исчистен, а училиштата во општина Струга не работат.

Во кичевскиот регион од РЦУК информираат дека сообраќајот спрема Битола и Македонски Брод се одвива отежнато, со забрана за движење за тешки товарни возила.

Во општината Кичево не е обезбеден пристап до населените места кои се на поголема надморска висина, односно селата Бериково, Папрадиште, Ново Село, Калешовци, Речани Зајашко, Тајмиште, Добреноец, Јаорец, Лавчани, Душегубица, Попоец, Малкоец, Кленоец, Ехлоец, Иванчишта, Јудово, Кладник, Црско, Крушица, Патеец, Карбуница и други села кои спаѓаат во трет приоритет за чистење на патишта согласно програмат за зимско одржување на патиштата.

На регионалните патни правци се врши расчистување а на локалните патни правци  нема почнато со расчистување.

Во општина Дебар патните правци Маврово-Дебар и Дебар – Струга се проодни но во зимски услови

-Сите населени места во оклината на градот Дебар се без напојување со електрична енергија од 28.12.2014 г. од 19,30 часот.

Во текот на денот од 11,00 до 13,00 часот со помош на хеликоптер на МВР успешно е извршено  извлекување на 3 лица од с.Ржаново. Истите се пренесени до Струга и безбедно се прифатени.

Регионалниот пат М.Брод-Прилеп е прооден освен за тешки товарни моторни возила, регионалниот пат М.Брод-Кичево е прооден,  регионалниот пат М.Брод-Самоков-Растеж е прооден до Самоков.

Локалните патишта до населените места во М.Брод не се проодни освен населените места Требино, Сланско и селата кои се наоѓаат на регионалниот пат М.Брод-Самоков и тоа Суводол, Девич, Драгов Дол, Манастирец Ковче и Д.Зркле.

Електро снабдувањето е во прекин за населените места: Брезница, Белица, Ковче, Звечан, Г.и Д.Ботушје, Бенче, Растеж, Битово, Волче, Заград, Требовје, Брест и Косово.

Во  штипскиот регион патниот правец Кочани – Пониква е исчистен и прооден.

Во општина Пробиштип кон селата Плешанци, Грижилевци и Долни Стубол е пуштено возило на Локалната самоуправа на Пробиштип за расчистување на патиштата. Патот е прооден а на некои места има остатоци на поледица.

Во кумановскиот регион отсечени села и населби во моментот останаа: Косматац; Мургаш; Колицко; Живиње; Брзак; Карабичане ; Кутлибег и Сушево

Сеуште се работи на расчистување на овие патни правци до овие села и во текот на денот ќе бидат проодни истите.

Во Општина Старо Нагоричане – регионалните и локалните патни правци се проодни за теренски возила, но кон повисоките планински села, кон некои предели сеуште се врши чистење на снегот но некои села сеуште остануваат отсечени од Општината.

Регионалниот пат кој го одржува ЈП Македонија пат Драгоманце до село Арбанашко е во фаза на чистење и во добар негов дел е прооден,

Отсечени села и населби: Брешко; Буковљане; Добрача; Дренок ; Жељувино; Канарево; Мгленце; Макреш; Малотино; Осиче; Рамно; Цветишница и Цвиланце. Во моментот се работи на расчистување на локалните патни правци до овие села.

Екипите од МП Куманово вршат опесочување и рачистување на коловозите према Никуштак, Опае, Матејче и други села во тој правец. Сообракајот се одвива отежнато со остатоци од снег на коловозите.

Патот кон претходно отсечени села е прооден исклучиво за теренски возила (џипови) и лесни повисоки возила со зимска опрема (ланци): Руница; Алешевце; Белановце; Гошинце и Лукаре; Пресница ; Стрима; Извор и Злокуќане.

Во општина Крива Паланка, регионалните патни правци кон с.Огут и с.Луке се проодни. Регионалниот пат кон с.Герман ( општина Ранковце) е прооден до (м.в.Орашац). Сообраќајот по локалниоте патни правци, во двете општини, се одвива отежнато во зимски услови, а кон с.Дренак (општина Крива Паланка, е непрооден од с.Дурачка Река.

Во битолскиот  регион во општина Новаци не е прооден регионалниот пат Р2338 од РЕК Битола-с. Рапеш-с. Градешница кој е од трет приоритет за чистење.

Без напојување со електрична енергија се  сите 35 села во Преспа со исклучок на градот Ресен. Екипи на ЕВН  работаат на терен  и до овој момент не е оспособен ниту еден од трите далеководи.

На патниот правец  кон Борино, Саждево,Белушино и Јакреново  е проодно со теренско возило, екипа на ЈП ,,Комуна,, моментално интервенира на овие патни правци и се очекува во попладневните часови истите да бидат проодни за секаков вид на моторни возила.

Заради скинати жици прекин во  снабдувањето со електрична енергија има во с.Арилево, Долно Дивјаци, Горно Дивјаци, Пуста Река. Екипите се на излезени на терен и се очекува за околу 2 часа дефектот да биде отстранет.

Во општина Демир Хисар од страна на ЈКП Комуналец извршено е чистење на снежната покривка на сите патните правци освен кон Радово и Боишта кои се земјени патишта. Во овие населени  места чистењето е отежнато и во текот на денешниот ден истите  нема да се чистат.

Регионален патен правец врска Р – 1305 за с.Големо Илино не  е чистен и не е прооден.

Регионален патен правец Демир Хисар – Прилеп не е чистен, и е тешко прооден.

Има  прекини во  снабдувањето со електрична енергија  во Ново Село, Ракитница, Растојца и Кочишта се работи на отстранување на дефектот.

Прекини во снабдувањето со електрична енергија има и во Смилево, Обедник, Утово, Загориче и Стругово.

Во прилепскиот регион во текот на денот во повеќе наврати имаше прекин на електричната енергија во населените места и тоа:  Рилево, Долгаец ; Слепче, Средорек, Вранче, Бело Поле,  Дебреште, Лажани,  Браилово,  Рилево, Зрзе и Маргари.

Во тетовскиот регион  патот кон с.Галичник не е пробиен како и патот кон планинското село Сетоле ЕЛС-Теарце и кон с.Вејце на кој делумно одат само теренски возила-џипови и кон село Луковица испратен е багер да го ичисти и оспособи а во ЕЛС-Маврово-Ростуше кон селата Нистрово, Сенце и Горна Волковија каде ЕЛС превземаат мерки да се и тие правци очистат и оспособат да се обавува сообраќајот под зимски услови.