Реакции на откажувањето на Османи да учествува на регионалната конференција во БиХ

Продолжуваат бурните реакции за проценката на вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи да не учествува на конференцијата во БиХ поради тоа што не била поканета делегација од Косово.

Пратеникот Александар Николоски на својот Фејсбук профил се прашува дали Бујар Османи е вицепремиер за евроинтеграции само на Албанците или на сите, додека Јове Кекеновски потенцира дека не е можно вицепремиер сам да донесува одлука за неучество на важна конференција.

„По скандалот со бојкотот на Конференцијата посветена на Западен Балкан од страна на Бујар Османи се поставува сериозно прашањето кој и каква надворешна политика води? По скандалот со бојкотот на Конференцијата посветена на Западен Балкан од страна на Бујар Османи се поставува сериозно прашањето кој и каква надворешна политика води? Дека нема координација одамна е јасно, кадрите на СДСМ и ДУИ си тераат секој соло. Но, сега таа соло игра ја загрозува евроинтеграцијата на Македонија. Бујар Османи е вицепремиер за евро интеграции само на Албанците во Македонија или на сите? Дали ако Косово или Албанија не напредуваат кон ЕУ и не бидат канети на форуми каде Македонија е поканета, ние ќе престанеме да напредуваме или дали Македонија нема да прифати членство во ЕУ само затоа што таму членови нема да се Албанија и Косово? Не очекувам одговор од Османи, очекувам од Заев и СДСМ кој е спремен се да даде за власт! Толку ли му е слатка?“, пишува Николовски.

На својот фејсбук профил, универзитетскиот професор Јове Кекеновски напиша порака по повод неучеството на Бујар Османи на конференцијата.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.