Реакции од руската Дума по нападите во Брисел

Дел од политичарите од Русија веќе ги дадоа своите првични реакции по нападите на аеродромот во Брисел и метро станицата во Малбек во близина на европските институции, пренесува „Гардијан“.

Претседателот на Комитетот за надворешни работи на руската Дума Алексеј Пушков објави на Твитер:

Додека (генералниот секретар на НАТО Јенс) Столтенберг е зафатен со борбата со замислената „руска закана“ и преместува воени трупи во Латвија, луѓето од Брисел се разнесени пред неговиот нос.

tweet-pushkov

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Мариа Закхарова наводно изјавила:

Неможете да ги поддржувате терористите на една страна од планетата, а да не очкеувате истите тие да се појават во други делови.