Реакција на директорката на ГАК во врска со смртните случаи на бебињата

Директорката на Јавната здравствена установа Клиника за гинекологија и акушерство Скопје, д-р Викторија Јовановска, во петокот реагираше на прес-конференцијата на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, која Директорката на Јавната здравствена установа Клиника за гинекологија и акушерство Скопје, д-р Викторија Јовановска, во петокот реагираше на прес-конференцијата на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Реакцијата на д=р Јованоска ја пренесуваме интегрално

Јас, Викторија Јовановска, директорка на ЈЗУ У ГАК назначен пред точно две недели со претходно професионално искуство од 20 години работен стаж на ЈЗУ У ГАК, специјалист гинеколог акушер кој во ниеден момент не ја загрозил работата на установата ниту пак животот и здравјето на ниту еден пациент најостро реагирам против клеветите и невистините изнесени од страна на ВМРО ДПМНЕ.Стотиците породени и оперирани пациентки говорат за мојата стручност и квалификации потврдени со исходите на самите пациенти а не моето познанство со сопругата на Премиерот.
Моето назначување е резултат на минат труд, одговорен пристап и визија  за унапредување на клиниката која ја затекнав во следнава состојба:
– Интензивната нега на новороденчињата за која претходното раководство знаело дека располага само со 22 инкубатори, а бројот на недоносени речиси секогаш бил двојно повеќе, но НИШТО  не превземало за релксирање на оваа состојба и обезбедување на повеќе инкубатори иако  фактот за најмногу починати новороденчиња иако владат на ДПМНЕ водеше кампања за многудетни семејства а ја остави клиниката без персонал и опрема
– Дефицит на педијатри кои дежураат секоја втора вечер и прават надчовечки напори да спасат човечки животи
– родилна сала, дневна болница за киретажи, амбуланта за итни случаи кои работат без вентилација за довод на свеж кислород
– лаборатории кои се сместени во субстандардни подрумски услови
– не се водело грижа за персоналот па така за речиси една година од клиниката си заминале 3 специјалисти анестезиолози кои се дефицитарни во државата односно нема ниту еден кој би можеле да го вработиме, 5 специјалисти гинеколози, како и предвремено пензиониран еминентен професор што значи 9 еминентни доктори
– обезбедување од страна на СГС обезбедување во сопственост на Сашо Мијалков кој клиниката го плаќала  4,7 милиони денари – кабинет во износ од  20.000 евра пари за кои можело да се купи опрема
– згубени пациенти од регионот кои во минатото се лекуваа на нашата клиника а доаѓаа од соседно Косово, Јужна Србија, Бугарија.
– кров на клиниката кој постојано прокиснува и лифтови за транспорт на пациенти кои 70% од времето не работат.
– злоупотреба на службени возила со кои располага клиниката
– чест  недостаток на потребни материјали, но затоа биле набавувани скапи Lenovo лаптоп компјутери
– превземање на гинеколози од градови каде се дефицитарни гинеколози и многу други недоследности

Кога станува пак збор за обвинувањата и шпекулациите изнесени од ДПМНЕ  во врска со починатите       новороденчиња напоменуваме дека:
– Станува збор за прва бременoст на  пациентката со IVF оплодување и степен на ризик поради гестациски дијабет (третиран со инсулин) и преегзистенцијална хипертензија со аплициран Cerclage (подврзување на грлото на матката).

– -Пациентката претходно трипати била хоспитализирана во Клиничка болница во Тетово поради гинеколошко крварење
Во меѓувреме пристигнат е и резултатот од хемокултурата замена веднаш по раѓањето на првороденото новориденче и истата потврдува тешка вродена инфекција
За останатите причини дополнително ќе бидат информирани родителите.
Исто така во рок од две недели невозможно е да се искорегираат сите недоследности за кои ВМРО ДПМНЕ имало прилика да се погрижи цели 11 години но не го сториле истото.Им се заблагодарувам на сите новинари за коректниот и професионален однос кој го покажаа од моето назначување, а боедно му се заблагодарувам на целиот персонал на Клиниката за гинекологија и акушерство кој несебично се труди да им помогне на сите пациенти кои се обраќааат на нашата клиника“.