сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 0

Реакција на Музејот на македонската борба на изјавата на Шилегов

Ако влезеше во холот, како што се наведува во соопштението, ќе можеше да ја види и масовната сцена со мотив од Февруарскиот поход кој Шилегов вели дека не се споменува, а нешто понатаму е и масовната сцена со објавувањето на Манифестот на Гавниот штаб на НОВ и ПОМ, се наведува во реакцијата.

muzej-na-makedonska-borba-640x427-1

Последни вести

Поставката на Музејот на македонската борба е изработена од еминентни универзитетски професори,  познати  музеолози, архитекти  и  други  стручни  лица, а во холот на установата може да се видат,  сцени во кои се отсликува борбата на  партизаните,  партизанските единици, одреди и бригади, стои во соопштението на НУ „Музеј на македонската борба“ – Скопје, по повод изјавата на Петре Шилегов, од СДСМ.

Периодот  од Народноослободителната војна е прикажан во посебни одделенија во кои се претставени фигурите на Кочо Рацин, Шарло Шаторов, Михајло Апостолски, Киро Глигоров, Илија Антевски Смок, Никола Парапунов, Мирка Гинова, Никола Вапцаров, Алекса Демниевски Бауман, Лазо Трповски, Веселинка Малинска, Емануел Чучков, Бане Андреев и Тихомир Милошоски, масовните сцени на формирањето на батаљонот Мирче Ацев, Ослободувањето на Скопје, портретите на Ченто, Панко Брашнаров и Владимир Полежиновски, реконструкција на сцена на одржувањето на АСНОМ итн, се наведува во соопштението.

Ако влезеше во холот, како што се наведува во соопштението, ќе можеше да ја види и масовната сцена со мотив од Февруарскиот поход кој Шилегов вели дека не се споменува, а нешто понатаму е и масовната сцена со објавувањето на Манифестот на Гавниот штаб на НОВ и ПОМ.

Во музејскиот материјал присутни се и бројни фотографии и видео материјал и од партизанските единици. Музејот има и свој традиционален осмомартовски проект посветен на жените, народни херои. Годинава ги претставивме заслугите на Мирка Гинова, Вера Јоциќ, Жамила Колономос, Ибе Паликуќа и Вера Циривири Трена.

За последното празнување на овој голем македонски празник. Музејот на македонската борба имаше два свои настапи на самиот ден на МРТВ и на Алфа телевизија на кои ги потсети граѓаните за значењето на празникот и ги повика сите граѓани да го посетат музејот.

Најчитани вести