Македонија

Реакција на Општина Струмица на пресконференцијата на Пишев

Реакција на Општина Струмица на пресконференцијата на Пишев

Општина Струмица во писмена реакција ги отфрла наводите за корупција на градоначалникот Зоран Заев кои денеска на прес-конференција ги изнесе пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Васил Пишев.

Тој денеска рече дека Општината склучила договор за превоз на деца со посебни потреби до ООУ „Сандо Масев“ и вработени во администрацијата со фирмата „Тритерол“, која според Пишев, воопшто не ја вршела  услугата, а парите биле обезбедени.

За Општината овие сомнежи се невистинити и, како што се наведува во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ со фабрикуван прес сака да го оцрни градоначалникот Заев и Општина Струмица.

Вистината вели дека на распишаниот тендер на Општина Струмица за превоз на деца со посебнин потреби  во ООУ „Сандо Масев“ , фирмата „Тритерол“ воопшто нема аплицирано, што подразбира дека и не можел да испорача услуга, се вели меѓудругото, во писмената реакција од Општина Струмица.

Оттаму додаваат дека доколку имало нешто незаконско, сигурно досега ќе било санкционирано.

Можеле од ВМРО-ДПМНЕ барем да најдат друг човек да ја држи денешната прес-конференција, оти Васил Пишев многу добро знае на кој начин се добиваат тендери во Општина Струмица, бидејќи тој и неговата фирма „Алмакс“ во времето на градоначалствување на Зоран Заев добивал тендери од Општина Струмица, како и повеќе други компании блиски на неговата партија, пишува во реакцијата.