Реакција на Синдикатот за состојбите во ЦУК

Ќе понесе ли или не, некој во ЦУК кој е во улога на функционер на државата, одговорност за обилното и најверојатно злоупотребено трошењето најмалку со картички…којшто сандалозно вовлекува и меѓународни организации за правдање на потрошеното, а е „феудалец“ во ЦУК, прашува во петокот Синдикат на вработените во Центарот за управување со кризи на Владата на РМ (СВЦУК-СОБ).

Претходно во средата директорот на Центарот за управување со кризи, Агрон Буџаку, во писмена реакција во средата ги негираше тврдењата изнесени претходно од Синдикатот на вработените во ЦУК, истакнувајќи дека буџетот за репрезенатаци цо износ од 100.000 денари за оваа година се уште не бил потрошен.

Синдикат на вработените во Центарот за управување со кризи претходно излезе со нови пикантерии и обвинувања до директорот на ЦУК, Агрон Буџаку, за можна злоупотреба на службената должност и неговото „галантно“ трошење на службени пари. Синдикалците најавија и иницијатива за штрајк за остварување на правата на вработените.

„Ќе понесе ли или не, некој во ЦУК кој е во улога на функционер на државата, одговорност за обилното и најверојатно злоупотребено трошењето најмалку со картички… којшто скандалозно вовлекува и меѓународни организации за правдање на потрошеното, а е „феудалец“ во ЦУК..!?!

Вие го имате одговорот, а и институциите наскоро ќе го кажат тоа!

Вршителот на должноста директор на ЦУК, (со уште двајца преостанати во неговиот „директорски кабинет“ на ЦУК), бега од одговорноста и се обидува да ги затскрие трагите за злоупотребите и се обидува да го пренасочи и скршне вниманието од себе и неговите дејанија, повторно создавајќи „розова соц-реалистична слики и приказни“ за себе и неговото очигледно феудално раководење во државен орган, омаловажуваќи и напаѓајќи и синдикат и медиуми и се што не е по мерка на „феудот“.Со неодоварањето на конкретните наши и новинарски прашања и со проѕирен обид да го пренасочи вниманието од себе на други за неговите финансиските злоупотреби и обилно трошење пари, при што им се одлагаат исплатите на вработените во недоглед, повторно јавно си ја „отвораат Пандорината кутија на злоупотреби“. За таквите дејаниа ќе се изјаснат и институциите, по нашето укажување за кршењето на правата, професионалноста, кариерата и стандардот на вработените во ЦУК. А времето во Македонија, денес, за такво владеење и раководење со државен орган, помина… Тој и сам си ја призна вината во својата напишана реакција, само е прашање која варијанта на оправдување ќе ја има, а фактите му ги соборуваат оправдувањата. А кога на виделина ќе излезат и трошењата од мај и од јуни, ќе има по се изгледа, уште многу работи што ќе се обидува да ги прикрие, но дигиталниот запис не ќе може да го избрише, бидејќи не е во негов досег.

По сѐ, се гледа дека моментното раководство на ЦУК има многу за одговорање, најмалку на наши и новинарски прашања, туку најмногу пред надлежните институции… Конкретно, во време на штедење не се доби конкретен одговор за нашите и новинарските прашања за дејанијата и трошењето, од април и пред тоа од март, февруари итн…, годинава. Долг е, а и се продолжува секој месец, списокот на неодговорени прашања. Конкретно:

Дали, во еден ден, седејќи во скопски ресторан и пречекувајќи една по една делегации, дури 7 делегации во еден ден (на 20 април троши над 40.000 денари (конкретно 40.740,00 денари), а вели дека биле 25.000 денари, Според документите на увид – биле 5 од Јапонија и 2 други меѓународни… – вкупно 7 делегации во еден ден! (а со уште неколку смети во април троши околу 60.000 денари вкупно). И дали тој го нарушил угледот на ЦУК и Македонија со тоа, или тој што го прашува за таквото најверојатно „штелување“ на ресторански сметки!?

Дали има, пополнето Анкетен лист за имотнота состојба на избрани и именувани функционери…а веројатно нема, а му било должност… а беше интересно да компарираме, на пример, колку се зголемил неговиот имот како функционер во овие 9 месеци… ?!?

На што се должи големата експлоатација на возниот парк после работното време и речиси редовно и во викенд, (најчесто без патен налог – барем до нашето прво укажување за тоа), а и особено на возилата добиени од меѓународната заедница што се строго наменски и со договор за користење…!?! Според фотографиите како доказен мартеријал на увид (од јуни и од јули) неколкуте возила (џипови и сребрено пежо) што ги користи најчесто „Директорскиот кабинет на ЦУК“, ги нема на паркингот…!

На што се должи високиот хонорар по договор на дело (38.00 денари и од време на време + 12-ина илјади во награди за вонредно залагање,… според првите документи на увид) на неговиот „Шеф на Директорскиот кабинет“ (со тројца, а сега со двајца луѓе откако шоферот си заминиа бидејќи е вработен во друго јавно претпријатие)… Тоа исплаќање за неколку илјади денари ги надминува хонорарите на ангажираните професионално докажани и ангажирани советници во Владата, магистри и доктори на науки со вистински дипломи… !

На што се должи исплатата на прекувермени часови работа за неговиот „Директорски кабинет“, а на другите колеги, особено во Регионалните центри тоа им се ускратува или само понекогаш прекувремената работа им се компензира со слободни денови… ?!?
На што се должи влошувањето на работната атмосфера и шиканирањето на колеги како во „феудална средина“ или најмалку како да е приватна фирма на „Директорскот кабинет“ оти „така работеле во приватните нивни фирми“ газејќи го достоинството и вољата за работа на професионалците кои „не веднат глава“, туку се достоинствени професионални административни службеници и се основен ресурс на државата – луѓе, а не „поданици“?!?

Зошто се обжалуваат судски решенија за добиени 9-10 илјади денари за вработени, а се плаќа + за тоа – не од нивен џеп, туку од „џебот на ЦУК“ – се плаќа + 20илјади денати за тоа, + над 20 илјади денари за адвокат + 6 илјади денари за извршител… итн… Дали за да останат повеќе пари во буџетот за да се пренаменат за негово трошење…!?!

На што се должи тоа што, се уште, и по 12 години во ЦУК дел од адмистативните службеници се помлади соработници, а денес се магистри и доктори на науки токму во области што ги покриваат и нивните конкретни работни места…. ?!?
НЕОДГОВОРЕНИ ПРАШАЊА ОД ПРЕТХОДНАТА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ОБИЛНО И НАЈВЕРОЈАТНО ЗЛОУПОТРЕБЕНО, ТРОШЕЊЕ ПАРИ ВО МАРТ, ФЕВРУАРИ…):

Колку чини присвоената техника (инфо за Вас – 10-ина скапи телефони и 2 таблета од 8 до 10.000 евра односно околу 600.000,00 денари)… (Инаку, по нашето укажување за ова, сега, веќе ги „покажаа на видело“ скапите телефони – си поделија дел од нив меѓу себе…а пред тоа – ги немаше во ЦУК…)

Колку се троши месечно за гориво за некои од возилата на раководството на ЦУК (инфо за Вас – од 15 до 30.000,00 денари и повеќе – до 40.000,00 денари…)

Колку се плаќа за ангажирани по договор на дело (инфо за Вас – над 38.000,00 денари за еден човек + други бенефиции сумата може да достигне и до 60.000 денари,)

Дали е практика да се плака возач по договор на дело 18.000,00 денари, а тој веќе да е вработен од 2014-та во Јавно претпријатие, а возач во ЦУК е платен 11.000,00ден. (по нашето јавно поставување на ова прашање, веројатно од јули не се појавува во зградата и веројатно не му е продолжен договорот)

Колку се поделени пари во вид на награди на крај од 2016-та за нецелосен двомесечен ангажман на „свои заслужни луге“, а по договрор на дело во ЦУК со 38.000 плата (инфо за Вас – по околу + 12.000,00 до 13, а можно и до 16.000,00 денари по лице)

Колку се троши во кеш од картички (само за месец март над 24.000,00 денари, при што лимитот за едно плаќање е до 6.000,00ден. и „мазно“ се пречекорува)…

Дали може вработен по Договор на дело, (веројатно и без безбедносен сетификат) да ја претставува Дирекцијата на состаноци на Групата за проценка и Управувачкиот комитет, како највисоки тела на Владата за управување со кризи…

Дали е лажно претставувањето како директор во сите службени документи на вршителот на должност директор итн…

Дали овие „протекувања“ на информации, со голема веројатност со криминални податоци, се должи на тоа што сега официјалните службени печати од ЦУК и архивски книги не се во приватна чанта или во канцеларијата на вршителот на должноста директор на ЦУК, конкретно кај неговата прва секретарка од 2005/6-та година во ЦУК, а пред тоа како што биле во Министерството за транспортн и врски…итн… итн… По се се гледа дека моментното раководство на ЦУК има многу за одговорање, најмалку на новинарски прашања…

Со овие поттикнати прашања Привремениот вршителот на должноста директор и неговиот „Директорски Кабинет на ЦУК“, поставени од минатата Техничка влада, повторно јавно си ја „отвораат Пандорината кутија на злоупотреби“, за што ќе се изјаснат и институциите, по нашето укажување за кршењето на правата, професионалноста, кариерата и стандардот на вработените во ЦУК. А времето во Македонија, денес, за такво владеење и раководење со државен орган, помина…

Но, без разлика, дали сега ќе се добијат одговорите од него, основното е: Зошто прави се друго, а одбегнуива да одговора на синдикални и новинарски прашања, дури отворајќи си ја и сам „Пандорината кутија“ на злоупотреби и афери во кој длабоко е инволвиран дури уште пред 2005-та година!? Веројатноста е голема дека „си ја гони мувата“ и од „тие капи“ како и од сегашната, а се повеќе се појавуваат нови факти за можни злоупотреби… Притоа, е евидентна веројатноста дека не го зел предвид, фактот, ако во некое време правел нешто што тогаш било „приказна за мали деца“, дека сега – денес, времињата се променети и дека треба да одговори на поставените конкретни, наши и новинарски прашања, конкретно и со факти, а не со „округли“ општи одговори. Ние и јавноста имаме право да знаеме како и зашто се обилно трошени народните пари и како се управува со државен орган, а во име на „штедење“ се скратува на синдикалците, а и на вработените во ЦУК. Синдикатот и медиумите се во функција на општествената контрола особено на „феудалците“… Медиумите се и дел од синдикалниот легитимен јавен притисок во ова демократско, а не феудално време, за да се оствари синдикален дијалог и да се сочуваат и унапредат правата, професионалноста, кариерата и стандардот, а и условите за работа во административните средини на државата, конкретно во ЦУК каде што, аднистративците не се „поданици“.

Истовремено им благодариме на поддршката на сите колеги кои имаа и храброст во вакви „жешки“ моменти тоа да го направат и со зачленување во нашиот Синдикат ја потврдуваат разбудената свест на административните службеници во ЦУК.

Зошто се случува сето тоа? Едноставно, ако беа професионалци на функционерски места во ЦУК, (од сферата на кризниот менаџмент, безбедноста, одбраната), а не само политичари и заслужни партиски „играчи“, веројатноста е голема дека немаше да се дојде до ваква ситуација. Обично „со два збора“ ќе те разбереа што сакаш да им кажеш, а не и по речиси два месеца и јавно укажување со докази и факти, да се прават „на Тошо“ дека се чувари на „угледот“… Смешно и мноооогу проѕирно!
Многу „излитено“ и тоа што на претседателот на синдикатот алудира дека е „осамен волк“ во ЦУК, а плашејќи се од поставените прашањата за најверојатни злоупотреби коишто се сиблимирани во едно прашање:

Ќе понесе ли или не, некој во ЦУК кој е во улога на функционер на државата, одговорност за обилното и најверојатно злоупотребено трошењето најмалку со картички… којшто скандалозно вовлекува и меѓународни организации за правдање на потрошеното, а е „феудалец“ во ЦУК..!?!

Вие го имате одговорот, а и институциите наскоро ќе го кажат тоа!“.