Реакција на ВМРО-ДПМНЕ: Веруваме дека граѓаните ќе ги отфрлат обидите да бидат злоупотребени за туѓи цели

„Околу барањата на демонстрантите изразени преку интернет порталот Либертас, ВМРО-ДПМНЕ прашува како демонстрантите знаат дека обвинетите, односно првостепено осудените се невини, а дека обвинителите и судиите се виновни?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со оглед  дека не ги виделе доказите заради нивната природа на класифицирани докази, а од друга страна донеле суд кој е виновен, а кој невин, јасно е дека во позадина стојат други мотиви кои не се во корист на албанците ни на македонците, ниту на турците, србите,ромите, бошњаците, власите и останатите во Република Македонија. Не се во корист ниту на верниците муслимани ниту на верниците христијани.Нивните мотиви се туѓа агенда.“, стои во реакцијата.

„Со користењето и злоупотребувањето на чувствата на албанците се обидуваат да остварат дргуи цели. Со притисок врз албанските политичари и партии се обидуваат да ги реализираат своите скриени цели. Покрај неколку пропаднати политичари и инсталациите на Милчин и Сорос кои свесно влегоа во оваа игра со други мотиви, за жал и дел од опозициските албански партии и политичари подлегнаа на нивните трикови поведени од добивање на поголема поддршка од народот играјќи на карта на националните чуства. Со време ќе разбрат дека радикалниот ислам е најголемиот непријател на исламот и муслиманската религија која опстајува цели 14 века. Во Ирак, Сирија, Авганистан и други земји има крвави и сурови војни само меѓу муслиманите, зад кои стои радикалниот ислам.

Овие протести се првиот посериозен обид на радикалниот ислам во Македонија да го растури соживотот и довербата на граѓаните на Македонија како мултиетничка и мултирелигиска држава.“, стои понатаму во текстот на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ изразуваат верување дека „и албанците и македонците и сите други, и муслиманите и христијаните и атеистите со својот однос ќе ги отфрлат овие обиди“.