Политика

Реакција од Кабинетот на Ташевска-Ременски

Реакција од Кабинетот на Ташевска-Ременски

Кабинетот на техничката министерка Фросина Ташевска-Ременски, упати реакција во врска со објавата во кои се обвинува за злоупотреба на службени возила.

Во продолжение ви ја проследуваме целта реакција:

 Во обид да се покрие срамот од долгогодишната злоупотреба на државните ресурси за партиски цели, очајно се прибегнува во барање виновници каде што нема.

Наташа Методиејва од кабинетот на министерката за труд и социјална политика Ташевска-Ременски и Боби Стефковски од кабинетот на дополнителниот заменик за труд и социјална политика  Диме Спасов имаа истоветно решение за користење на службено возило.

Тоа што дополнителниот заменик Диме Спасов користел 4 возила на АВРМ вон работно време за партиски цели не значи дека сите се исти како него/нив.

Ништо не може да биде оправдување за долгогодишната злоупотреба што ја правеле а сега мислат дека сите се како нив.

Не се, има голема разлика !