Реакција од МОН за поевтините ски карти

Реакција на прилозите на дел од медиумите во врска прес конференцијата на министерот за образование и наука Спиро Ристовски и управителот на ски центарот “Заре Лазаревски“ – Маврово, Огњан Циговски.

„Би сакале да им појасниме на дел од медиумите кои не беа присутни на денешната прес конференција на министерот за образование и наука Спиро Ристовски и управителот на ски центарот “Заре Лазаревски“ – Маврово, Огњан Циговски, а кои во своите известувања презентираа погрешни информации пред јавноста. Имено, се работи за поволност којашто во пресрет на зимската сезона за студентите од сите државни и приватни универзитети ја обезбеди раководството на ски центарот “Заре Лазаревски“ – Маврово, а тоа е 30 отсто попуст на сите ски карти“, стои во реакцијата.

Министерството единствено ја поддржа оваа иницијатива и помогна во насока на поголема информираност на сите граѓани со студентски статус кои се љубители на белиот спорт.

ОД МОН велат дека секогаш ќе биат поддржувачи на вакви и слични инцијативи на социјално и општествено одговорни компании, кои придонесуваат за поттикнување на спортскиот дух и развивање на навиката за спортување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.