Реакција од СДСМ на интервјуто на претседателот Иванов

Опозициската СДСМ во писмена реакција на денешеното интервју на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов за повеќе македонски телевизии вели дека Иванов дрско ја лаже јавноста и потенцира дека нивниот лидер побарал веднаш да биде повлечена аболицијата за него.

– Предводникот на демократска Македонија, претседателот Зоран Заев, никако не може да биде покритие за обидот на криминалното здружение на Никола Груевски да ја спаси сопствената кожа преку неуставни одлуки. Претседателот на СДСМ, прв, јавно ја отфрли аболицијата и повика на поништување на срамните одлуки, се вели во реакцијата од СДСМ.

Партијата бара од Иванов да ја објави снимката од состанокот на Советот за безбеност, одржан лани на 10 мај, веднаш после настаните во Куманово и тврди дека немало друг разговор меѓу Иванов и Заев.