Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов очајно се обидува да манипулира со случајот „Пуч“

Станува се поголема нервозата која владее во СДСМ од доказите кои постојат за нивниот лидер Зоран Заев, се вели во писмената рекација на ВМРО-ДПНЕ за денешната изјава на Петре Шилегов.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија

Петре Шилегов очајно се обидува да манипулира со случајот Пуч, во кој постојат евидентни правни докази и признанија за вмешаноста на Заев во деструктивното сценарио со кое се обидува да се дограби до власта. Целосно е разобличен планот на Заев, Верушевски и нивните соработници да ја втурнат Македонија во криза и на тој начин да ги остварат целите на странските центри кои не и мислат добро на Македонија, а притоа да дојдат на власт без избори.

Веќе и на СДСМ им станува јасно дека тоа не им поминува кај граѓаните. Тие јасно го кажаа своето не на нивните креирани, монтирани и прилепувани материјали. И оваа деструктивна епизода, како и претходните не ја доби поддршката на граѓаните, затоа што тие ги прочитаа нивните лаги и скриени намери кои се на директна штета на интересите на државата и на граѓаните.