ВИДЕО: Поглед одблизу врз реактор на нуклеарка од времето на Чернобил

Оваа снимка од птичја перспектива ви овозможува да фрлите поглед одблизу врз реактор на нуклеарка од времето на Чернобил. Нуклеарната ценрала се наоѓа на островот Крим, а е напуштена речиси три децении.

Оваа ретка снимка што ја објави Раша Тудеј,  ја прикажува инфраструктурата во распаѓање на Кримската станица за атомска енергија што се наоѓа на брегот на езерото Актас во источниот дел на островот. Изградбата на оваа станица била започната во 1975-тата година.

На видеото од птичја перспектива се гледа целосно територијата на нуклеарната централа, вклучително и на главниот енергетски блок, како и на системите за ладење.

Централата требаше во целост да ги задоволува потребите на островот, но проектот за изградба остана недовршен, со прекинувањето на градежните активности три години по хаваријата во Чернобил, односно во 1989-тата година.

Според некои проектот бил прекинат поради лошата геолошка положба на централата, а според други поради лошата економска положба и недостатокот на финансии во Советскиот сојуз.

Во моментот кога градежните работи биле прекинати, првата нуклеарна единица била 80 отсто завршена, а вотрата 18 отсто. Сепак, досега во централата не било доставено никакво нуклеарно гориво.

Ова воедно е и најскапиот проект за изградба на нуклеарна централа што никогаш не бил завршен во целост.

Од 1995-тата до 1999-тата на местото се одржуваше познатиот музички фестивал Казантип, под слоганот, „нуклеарна забава во реактор“.

Како денес изгледа Чернобил погледнете на следниот линк.