сабота, 29 април 2017  |  Вести денес: 0

Реал и Баерн први четвртфиналисти во Лигата на шампионите

Екипите на Реал Мадрид и на Баерн Минхен први изборија пласман во четвртфиналето откако и во реванш дуелите ги совладаа своите конкуренти Наполи и Арсенал.

реал

Поврзани вести

Европскиот шампион Реал Мадрид во реваншот го совлада Наполи со 3:1 и со вкупни 6:2 избори пласман во ТОП 8. Наполи поведе во 24.минута со голот на Дрис Мертенс. Реал изедначи на 1:1 во 52.минута со голот на Серио Рамос, а Мертенс во 57.минута ја затресе и сопствената мрежа за водство на „кралскиот клуб“ од 2:1. Конечните 3:1 ги постави Алваро Мората во 90+1.минута што беше идентично како и на првиот дуел.

Со ист резултат како на првиот дуел заврши и реваншот меѓу Арсенал и Баерн. Германскиот шампион победи со 5:1 или со вкупни 10:2. Арсенал поведе во 20.та минута со голот на Тео Волкот. Капитенот на Арсенал Лорен Кошчиелни во 53.минута доби црвен картон, а потоа почнаа головите за Баерн. Најпрвин во 55.минута од пенал погоди Роберт Левандовски од пенал. Арјен Робен во 68.минута донесе водство за Баерн од 2:1, а Дагалс Коста во 78.минута зголеми на 3:1. Двата гола за победа од 5:1 ги постигна Артуро Видал во 80 и 85.минута.

Вечерва се играат дуелите:
Борусија Дортмунд – Бенфика (0:1 прв натпревар) и
Барселона – ПСЖ (0:4).

Најчитани вести