Реал го совлада Лас Палмас, по двата пораза

Во последниот натпревар од 11-то коло на шпанското фудбалско првенство, актуелниот шампион Реал Мадрид во неделата вечерта на домашен терен против претпоследниот Лас Палмас славеше со 3:0.

Стрелци за „кралевите“ беа Каземиро во 41, Марко Асенсио во 56 и Иско во 74 минута. По двата пораза во една седмица, од Гирона (1:2) во домашното првенство и во Лигата на шампионите од Тотенхем (1:3), оваа победа е добредојдена за Реал пред паузата за репрезентативните настапи.

Реал се искачи на третото место на табелата прескокнувајќи го градскиот ривал Атлетико Мадрид, кој исто така, има 23 бодови но послаба гол разлија, и заостанува четири бодови зад вотропласираната Валенсија и дури осум бодови од водечката Барселона.

Во неделната програма од Ла Лига претходно Реал Сосиедад со 3:1 го совлада Еибар. Стрлци за домашните беа Вилиан Хозе во 12, Аднан Јанузај во 27 и Микел Ојарзабал во 46 минута, додека Жордан во 72 минута беше стрелец за гостите.

Виљареал со головите на Никола Сансоне во 68 и 76 минута ја совлада Малага. Леванте на свој терен беше совладан од Горна со 1:2. Домашните почесниот погодок го постигнаа во судиското продолжение, додека гостите победата ја обезбедија преки Борха Гарсиа во 58 и Кристија Стуани во 83 минута.

Селта во Виго беше убедлива со 3:1 против Атлетик Билбао, во мечот кој беше решен во првото полувреме. Домашните обезбедија високо водство за десет минути преку Серхио Гомез во 16 и Иаго Аспас во 22 и 26 минута, а Баскијците во 38 минута намалија преку Раул Гарсија.