Реал и Барса со по четири голови во противничките мрежи

Фудбалерите на Реал Мадрид направија уше еден исчекор кој освојувањето на титулата во шпанското првенство совладувајќи ја Севилја во 37-то коло со 4:1 (2:0) на домашен терен, а идентична победа кај Лас Паламас славеше и Барселона, но „кралскиот клуб“ има натпревар помалку.

Реал поведе со контроверзниот гол на Начо во 10 минута кој изведе слободен удар од дваесетина метри без да чека судијата да даде знак и пред гостите да го поставата живиот ѕид, на 2:0 зголеми Кристијано Роналдо во 23 минута, за надежна гостите да им врати во 49 минута Стеван Јоветиќ. Во тие минути Севилја беше подобар противник, но сепак Роналдо со својот втор гол на мечот во 78 минута, а потоа и Тони Крос во 84 минута ги обезбедија трите важни бода за Реал/

Барселона на речиси идентичен начин победи на гостувањето кај Лас Палмас. Троен стрелец беше Нејмар во 25, 67 и 71 минута, а еден гол постигна Луис Суарез во 23 минута, а почесниот гол за домашните го постигна Бигас во 63 минута.

Барселона и Реал имаат по 87 бодови, со што Каталонците имаат подобри споредбени коефициенти, но мадриѓаните до крајот на шампионатот ќе одиграат уште два меча, а Барса еден .Реал во седа ќе гостува кај незгодната Селта во Виго, а потоа следната недела кај Малага, натпревар кој веќе и пред започнувањето предизвика реакции во медиумите. Барселона во последното коло ќе го пречека Еибар.

Реал е шпански рекордер со 32 титули во првенството, но последната ја освои уште во 2012 година. Барселона има 24 титули, но беа прваци последните две сезони во 2015 и 2016 година.

Во третиот меч од неделната вечерна програма во Примера Спортинг од Хихон ги задржа шансите за опстанок со минималната победа од 1:0 на гостувањето кај Еибар. Голот го постигна Баргуи во 32 минута.

Сепак, тимот од Астурија не одлучува самиот, бидејќи пред последниот меч заостанува три бодови зад 17-от Депортиво Ла Коруња, и ќе остане во лигата само доколку во последното коло го совлада Бетис на својот терен, а истовремено Депортиво, исто така, пред своите навивачи загуби од Лас Палмас.

Во другите средби во неделата Алавес ја совлада Селта со 3:1, со головите на Ману Гарсија во 5, Зоу во 18 и Дејверсон во 37 минута, додека Аспас во78 минута од пенал беше стрелец за гостите.

Виљареал и Депортиво играа без голови.

Реал Сосиедат и Малага, исто така, ги поделија бодовите, но во меч во кој беа видени четири голови и два пресврта. Домашните поведоа од пенал во 31 минута преку Прието, а потоа гостите изедначија во 45 преку Хернандез и поведоа преку Ресио во 75минута, а Баутиста десет минути подоцна ги спаси домашните.

Бетис и Атлетико Мадрид ги поделија бодовите со по еден гол. Стрелци беа Себалос во 57 за домаќините и Савиќ во 66 минута за гостите.

Атлетик Билбао поведе во 14 минута преку Адуриз на мечот со Леганес, за кого Шимановски изедначи во 61 минута.

Во саботата Еспањол беше пред својата публика поразен од Валенсија со голот на Хозе Гаја во 74 минута. Осасуна, пак, ја совлада Гранада со 2:1, со головите на Мондрагон во 24 и на Кодро во 75минута, а во меѓувреме изедначи Рамос во 41 минута.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.