Реал и Челзи се договорија за Мората

Челниците на европските фудбалски гиганти Реал Мадрид и лондонски Челзи постигнале договор околу трансферот на 24-годишниот Алваро Мората на „Стрнфорд Бриџ“ и останува уште договорот меѓу англискиот шампион и фидбалерот.

Челзи веста за договорот ја објави на својата клупска интернет страница без дополнителни поединости, но англиските медиуми наведуваат дека „сините“ ќе платат дури 80 милиони евра отштета.

Алваро Мората од 2010 до 2014 година беше член на Реал Мадрид, а потоа две сезони мина во Јувентус и на „Сантјаго Бернабеу“ се врати на почетокот од минатата сезона. Мината годија постигна 20 голови в, но на повеќето натпревари во игра влегуваше од клупата за резервни играчи.

Доколку Мората конечно постигне договор со Челзи, ќе биде четвртото засилување за лондонците откако во клубот ова лето веќе пристигнаа голманот Вили Кабаљеро, бекот Антонио Рудигер и играчот за врска Тиемуе Бакајоко.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.