Реал и со реми дома против третолигаш во осминафиналето

Фудбалерите на Реал Мадрид изборија пласман во осминафиналето од националниот Куп на кралот откако во реванш дуелот од 16-финалето на својот „Сантијаго Бернабеу“ одиграа 2:2 против третолигашот Фуенлабрада со што ја одбранија победата од 2:0 од првиот натпревар. Во осминафиналето се пласираа и Леганес, Селта, Леанте и Нумансија.

Многу потешко од очекуваното Реал мина натаму. По гостинската победа од 2:0 се очекуваше сигурна победа на „кралскиот тим“ и покрај тоа што неколку првотимци, како Роналдо, Модриќ, Раносм, Бензам, Иско…, беа изоставени од екипата. Но храбрите гости на полувремето имаа водство од 1:0 а во 60 минута можеа да ја анулираат предноста на Реал но се испречи дирекот. Во продолжувањето сепак Реал направи пресврт а во последните моменти гостите дојдоа до реми.

Фуенлабрада поведе во 25 минута со голот на Луси Миља кога лошо интервенираше домашниот голман Кејлор Навас. На чекор до сензација гостите беа во 60 минута кога Даниел Диаз ја погоди стативата. Изедначи во 62 минута Борха Мајорал а по осум минути истиот играч ги донесе домашните во водство. Конечните 2:2 ги постави Алваро Суаерз во 89 минута.

Селта во првиот меч на гостувањето го совлада Еибар со 2:1, а пота на својот терен славеше со 1:0 со голот на Јаго Аспас во 90 минута.

Леганес го совлада второлигашот Реал Вајадолид со 1:0 со што ја потврди победата од 2:1 од првиот дуел. Стрелец беше Тито во 34 минута.

Малага не успеа да го надомести поразот од 1:2 од првиот натпревар против второлигашот Нумансија. Мечот на „Ла Росаледа“ заврши 1:1 , откако домашните поведоа во 18 минута со голот на Адријано, а изедначи Унаи Елгезабал во 53 минута.