Валенсија го запре походот на Реал Мадрид

Стрелците на мечот Реал Мадрид - Валенсија (2:2): Солер и Кондогбија пред Асенсио (бел дрес)

Победничкиот од на актуелниот европски и шпански шампион, и освојувач на континенталниот и националниот Суперкуп, мадридски Реал беше запрен токму на неговиот стадион „Сантјаго Бернабеу“ во неделата вечерта, кога „кралевите“ во последните минути успеаја да го избегнат поразот од Валенсија (2:2).

Почетокот на натпреварот не навестуваше нервозна завршница за Реал Мадрид и неговите навивачи, откако во 10 минута Марко Асенсио постигна убав погодок од работ на казнениот простор. Но по само осум минути гостите изедначија, а стрелец беше Карлос Солер по уфрлање од корнер.

Во продолжениот се чинеше дека „Кралевите“ го кршат отпорот на „Лилјаците“, но Валенсија одлично се бранеше. Голманот Нето беше расположен и имаше неколку сјајни интервенции.

Целосниот пресврт дојде во 77 минута кога Валенсија поведе со голот на Жофреј Кондогбија. Но и оваа радост кусо траеше, зашто Асенсио во 83 минута израмни од слободен удар изведе од 20-ина метри.

Во преостанатото време Реал јуришаше на трите бода, но не успеа да го постигне третиот гол, а најблиску до тоа беше Карим Бензема, кој откако во мечот промаши неколку зицери во судиското продолжение биеше со глава од петерецот со глава на Нето топката ја одби во стативата. Во против напад, пак, Валенсија на двапати имаше можност да дојде повторно во водство, но нејзините напаѓачи не реагираа правовремено.

Во неделата претходно се одиграа уште три натпревари во Примера, и сите три завршија со победи на гостите со резултат 1:0. Севилја беше подобра од Хетафе, Леганес го совлада Еспањол, додека Атлетик Билбао го победи Еибар.

На табелата водат Реал Сосиедад, Барселона и Леганес со по шест бодови, додека Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Валенсија, Гирона, Леванте и Севилја имаат по четири бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.