Реал ја торпедираше Севилја

Фудбалерите на Реал Мадрид во саботата во дербито на 15-то коло во Примера лигата, на својот стадион „Сантјаго Бернабеу“ против Севилја славеа со дури 5:0, а сите голови беа постигнати во првото полувреме.

Реал го одигра своето најдобро полувреме оваа сезона, но во прв ред благодарејќи на Севилја чиишто фудбалери беа невидени на теренот, до 42 минута примија пет голови, а можеа да примат уште толку.

Уште во 3 минута катастрофалната грешка на одбраната на Севилја во гол ја претвори Начо, а потоа Кристијано Роналдо во 23 и во 31 минута од пенал двапати се запиша меѓу стрелците, а Тони Крос во 38 и младиот марокански играч Ашраф Хаким во 42 минута ги постигнаа четвртиот и петтиот гол за „кралевите“. Во второто полувреме „кралевите“ го намалија ритамот, а гостите не успеаја во настојувањата посериозно да го загрозат противничкиот гол.

Валенсија на својата „Местаља“ ја победи Селта со 2:2, и се приближи до водечката Барселона на само два бода.

Валенсија поведе со голот на Симоне Заза во 28 минута, а за Селта изедначи Иаго Аспас во 47 минута. Во 81 минута Дани Парехо реализираше пенал за победа на „Лилјаците“.

Реал повторно се проби на третото место со 31 бод, три помалку од второпласираната Валенсија со натпревар помалку, а заостанува пет бодови зад водечката Барселона којашто во недела гостува кај шестиот Виљареал. Севилја е петта со 28 бодови.

Во другите саботни мечеви Депортиво Ла Коруња со 1:0 го совлада Леганес со голот на Адријано Лопез во 24 минута, а Хетафе и Еибар одиграа без голови. Во петокот, во првиот натпревар од колото Алавсе со 2:0 славеше над Лас Палмас.