Реал (М) е новиот европски клупски шампион

Пехарот кој е наменет за најдобриот во годинашното издание од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, во следните 365 дена ќе ги краси клупските витрини на Реал (М).

Избраниците на Карло Анчелоти со многу среќе го освоија јубилејниот 10. трофеј во Лигата на шампиони, откако во финалниот натпревар со 4:1 го победија големиот градски ривал, тимот на Атлетико (М).
Популарните „јорганџии” дојдоа до посакуваното водство во 36 минута со погодокот н уругвајскиот интернационалец Диего Годин, но кога сите помислија дека избраниците на Диего Симеоне ќе бидат крунисани за нови владетели, во 93 минута израмнувачки погодок постигна централниот дефанзивец, Серхио Рамос.

Реал (М) дојде до водство во 109 минута кога во листата на стрелци се запиша велшкиот интернационалец, Герет Бејл, а до крајот од натпреварот погодок на своето конто запишаа Марсело и Кристијано Ронало.