Реал (М) фаворит и на Винсенте Калдерон

Мал број на погодоци беа постигнати на саботните натпревари од 26. коло во шпанската Примера дивизион.
Без победник, 1:1, завриши дуелот помеѓу екипите на Малага и Валјадолид, а минимална но злато вредна победа над директниот ривал во борбата за опстанок, тимот на Селта од Виго, забележаа фудбалерите на Елче.
Од сите денешни натпревари, убедливо најголемо внимание ќе привлече градската пресметка помеѓу директните ривали во бобата за шампионската титула, тимовите на Атлетико (М) и Реал (М).
Гостинот ја има улогата на благ фаворит, а предводникот на “кралскиот клуб”, Карло Анчелоти, повторно на располагање ќе ги има услугите на најдобриот фудбалер на денешницата, Кристијано Роналдо кој најпосле ја одлежа суспензијата од три натпревари.
Резултати: Елче – Селта 1:0, Гетафе – Еспањол 0:0, Леванте – Осасуна 2:0, Малага – Валјадолид 1:1.
Денеска на програмата: Вилјареал – Бетис, Атлетико М. – Реал М., Севилја – Сосиедад, Барселона – Алмерија, Р.Валјекано – Валенсија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.