Реал (М) и Атлетико (М) на 90 минути од шампионскиот пехар

Сигурно е дека победничкиот пехар ќе се пресели во Шпанија, поточно во Мадрид, но откако ќе заврши денешниот финален натпревар од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, ќе знаеме дали истиот ќе ги краси клубските витрини на Реал (М) или тие на Атлетико (М).
Фудбалскиот храм во Лисабон, “Естадио де Луж” ќе биде домаќин на најважниот натпревар на клупската сцена, на дуелот помеѓу лутите ривали, кои сосема заслужено на патот до толку посакуваниот натпревар ги елиминраа европските гигант, Баерн (М), Барселона, Челзи и Борусија од Дортмунд.
Предводникот на “кралскиот клуб”, Карло Анчелоти нема никакви проблеми кога е во прашање почетниот состав.
Финалниот натпревар од првата минута ќе го стартува и најдобриот фудбалер на денешницата Кристијано Роналдо и најскапо купениот фудбалер на денешницата, Герет Бејл.
Иако се жалеа на помали повреди во изминатите неколку дена, Пепе и Бензема сигурно ќе бидат дел од почетниот состав, додека Чаби Алонсо, дуелот во Лисабон ќе го следи од свечената ложа поради суспензијата која ја заработи поради парните жолти картони.
Далеку поголема главоболка ќе има предводникот на Атлетико (М), Диего Симеоне кој во последниот момент ќе одлучи дали да му даде шанса на најдобриот фудбалер Диего Коста, кој има одработено само еден тренинг со полн интензитет.
Далеку попознатиот претставник на шпанската престолнина, Реал (М) ќе се обиде да го освои јубилејниот 10. трофеј во Лигата на шампиони, додека Атлетико (М) ќе се обиде за прв пат да се закити со европската клупска круна.
Можни состави:
Атлетико(М): Коуртуа, Миранда, Хуанфран, Филипе Луиз, Годин, Коке, Габи, Арда Туран, Тиаго, Давид Вилја, Раул Гарсија.
Реал (М): Касиљас, Рамос, Пепе, Коентрао, Карвахаљ, Модриќ, Марсело, Ди Мариа, Роналдо, Бејл, Бензема.